ФОТО НА ДЕНОТ: Солзи радосници и солзи таговници!

По тешката 90-минутна битка фудбалерите на Тиквеш и Силекс се „струполија“ на теренот на националната арена во Скопје. Играчите и од двата тима во неверување, со тоа што едни со солзи-радосници, а другите со солзи-таговници.

Кавадарчани по 17 години се враќаат во Првата лига, а Силекс, пак, и покрај тоа што ќе ја претставува Македонија во УЕФА Конференциската лига од следната сезона ќе игра во Втората лига.

Се вчитува...