Оваа репрезентативна пауза донесе сериозни проблеми за Микел Артета околу изборот на напаѓачи во Арсенал, на премиерниот меч за Германија се повреди Каи Хаверц, а доцна синоќа незгодна повреда заработи и Цолис.
Грчкиот офанзивец беше стартер на пресметката со Холандија, но издржа на теренот само 18 минути пред да биде заменет. Видно разочаран, крилниот напаѓач го покри лицето со дресот додека го напушташе теренот, првите информации говорат дека станува збор за повреда на мускулот, а деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на грчкиот репрезентативец од терените.
Тој дефинитивно ќе го пропушти последниот меч од овој прозорец од Лигата на Нации во кој Грција ќе ја пречека селекцијата на Германија.
Останува да се види дали Цолис ќе му биде на располагање на Артета за продолжението на сезоната во Премиер-лигата и дуелот на домашен терен со Лидс закажан за 9 октомври.
Тој беше стандарден првотимец на позицијата лево крило од стартот на сезонава, а доколку не биде „фит“ се очекува неговото место во тимот да му припадне на Езе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
