Загубениот сет само го налути Ѓоковиќ, пресврт и пласман во 1/8 финале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го доби мечот со Алекс Попирин од Австралија во третото коло, иако лошо почна и имаше негатива уште по првиот сет. По повеќе од три часа, на крајот Србинот славеше со 3-1 во сетови.

Со тоа Ѓоковиќ по 16-ти пат обезбеди пласман во 1/8 финалето, и во следното коло ќе игра против Холге Руне, кој исто така со пресврт славеше и закажа меч со доскорашниот број 1.

Во првиот сет Попирин изненади и со 6:4 поведе со 1:0. Тоа како да беше знак Ѓоковиќ да заигра многу подобро, па во следните три сета беше подобар со 6:3, 6:4 и 7:6.

Се вчитува...