Франција без многу мака триумфираше над Бугарија со 3-0 на последниот контролен натпревар пред ЕВРО 2020, победа што остана во сенка на повредата на Карим Бензема, чиј настап на европскиот шампионат сега е сериозно доведен во прашање.
Гризман го доведе актуелниот светски првак во водство, а пред крајот на првото полувреме следеше повредата на Бензема, кој жалејќи се на болка во мускулот го напушти теренот. На негово место во игра влезе Жиру, кој ги постигна вториот и третиот гол за „триколорите“ во последните десет минути од натпреварот.
Франција премиерниот натпревар на ЕВРО 2020 ќе го игра на 15 јуни против селекцијата на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА