Фудбалската федерација на Канада пред банкрот

Генералниот секретар на Канадската фудбалска федерација Џејсон де Вос зборуваше за можен банкрот на организацијата.

На крајот на минатата година на сметката имало 2,4 милиони канадски долари, што е за 7,1 милион помалку од една година порано.

Канадскиот фудбал веќе е под истрага од парламентот за лошо менаџирање, при што министерот за спорт на земјата нареди преглед поради недостаток на транспарентност.

Веста доаѓа во момент кога женската репрезентација, актуелниот олимписки шампион, се подготвува за Светското првенство, односно додека машката селекција се натпреварува на Голд купот во САД.

Машката репрезентација првпат по 1986 година учествуваше на Светското првенство во 2022 година, но селекторот Џон Хердман смета дека овие проблеми може негативно да се одразат на подготовките за Мундијалот во 2026 година.

Женскиот тим штрајкуваше во текот на годината поради прашањата за правичноста на платите и кратењето на буџетот.

Претставниците на машкиот и женскиот фудбал преговараат за нов колективен договор, кој допрва треба да биде усвоен.

Се вчитува...