Пеколниот план на Реал Мадрид: По Мбапе доаѓа уште една мега ѕвезда

Реал Мадрид ова лето конечно ќе стигне до потписот на Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец долго време се поврзува со трансфер во клубот од главниот град на Шпанија, а со оглед на тоа што голгетерот веќе најави заминување од ПСЖ се чини дека овој пат ништо не може да ја спречи преселбата.

А, пак „кралевите“ нема да запрат тука со засилувањата. По Мбапе се очекува уште еден спектакуларен трансфер, овој пат на 21-годишниот германски талент Флориан Вирц.

Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен „експлодираше“ оваа сезона постигнувајќи 18 голови и 19 асистенции за единствениот непоразен тим во големите европски првенства, но неговиот трансфер нема да биде реализиран ова лето, туку во 2025 година.

Баер Леверкузен јасно стави дознаење дека ова лето нема намера да се откаже од услугите на својот талент и покрај интересот на Реал Мадрид и Манчестер Сити, но и тешко дека ќе го задржи во своите редови во иднина со оглед на амбициите на тим каков што е најтрофејниот во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...