РФМ го објави распоредот за куп-натпреварите, билетите по 200 денари

Македонската ракометна федерација денеска го објави распоредот и саатниците за престојниот Куп на Македонија во машка и женска категорија кој ќе се одржи во главниот град, потточно во СЦ „Борис Трајковски“ во периодот помеѓу 16. и 19. мај.

Дневните блок влезници ќе можат да се купат на денот на одржување на натпреварите, започнувајќи од 12 часот, преку билетарата на МК Тикетс пред СЦ „Борис Трајковски“ и ќе изнесуваат 200 денари.

Распоредот на натпреварите во машка и женска категорија е следниот:

Машка конкуренција :
16.05.2024 (четврток) 19.30 часот РК Алкалоид- РК Вардар 1961
17.05.2024 (петок ) 19.30 часот ГРК Тиквеш 2014 – РК Еурофарм Пелистер
19.05.2024 (недела) 19.00 часот Финале
Женска конкуренција :
16.05.2024 (четврток) 17.00 часот ЖРК Куманово-Ѓорче Петров ЖРК
17.05.2024 (петок) 17.00 часот ЖРК Вардар-ЖРК Чаир
19.05.2024 (недела) 16.00 часот Финале

Се вчитува...