Атлетико Мадрид е блиску до изборување на место во Лигата на Шампионите за престојната сезона откако во 35. коло од Ла Лига славеше на домашен терен со 1-0 против Селта Виго.
Победоносниот гол на „јорганчиите“ беше дело на Родриго де Пол кој во 84. минута со фантастичен еврогол од работ на шестнаесетникот донесе значаен триумф.
На три кола пред крајот на првенството Атлетико Мадрид е на бод од осигурување на место кое води во ЛШ следната сезона. Тимот од главниот град на Шпанија е на четвртата позиција на табелата со 70 освоени бодови, додека Селта Виго до самиот крај ќе стравува за опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА