ИН МЕМОРИАМ: Почина Марјан Михајловски

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија објави дека починал Марјан Михајловски човекот кој беше дел од клубот во изминатата деценија.

Михајловски беше еден од најголемите навивачи на клубот и една од легендите на тимот од Аеродром.

„Со голема тага и неверување денеска ја примивме веста за смртта на нашиот Марјан Михајловски (53 години), вработен во клубот, еден од најпрепознатливите навивачи и пред се човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје Аеродром. Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда. Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија. Почивај во мир, наш Мац!“, стои во соопштението од МЗТ. 

Се вчитува...