Ѓоковиќ најдобар спортист на Балканот, Стоилов најдоброрангиран Македонец

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано е најдобар спортист на Балканот, во изборот на балканските новински агенции. Србинот кој во 2019 славеше на Австралија опен и Вимблдон приматот го освои со освоени 73 гласа. Второто место му припадна на грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо со 45 гласа кој беше најкорисен кошаркар минатата сезона во НБА лигата. Третопласирана заврши Романката, Симона Халеп која минатата година го освои Вимблдон.

Најдобропласиран Македонец е капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов кој освои 18 гласа и се најде на 11 позиција. На листата се наоѓа и борачот Магомедгаџи Нуров кој е 38 пласиран.

 

Се вчитува...