Голем пожар во ЕК „Снегар“, изгореа 33 едрилици, спасени само две

Голем пожар кој вчера избувнал на плажа во центарот на Струга комплетно го изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга.

Противпожарните екипи успеаја да го локализираат пожарот, но за жал, во пепел останаа 33 едрилици, четири моторни чамци и комплетната документација, стара 60 години, на клубот.

Предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Членовите на ЕК „Снегар“ и љубителите на едрењето од Охрид и Струга останаа во силна неверица по големата несреќа која го затекна едриличарскиот клуб.

Се вчитува...