Гостивар бара Купот на Македонија да биде одложен!

Страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица е причината поради која раководството на КК Гостивар бара да биде одложен завршниот турнир од Купот на Македонија, предвиден да се игра од утре до недела во Гевгелија. Гостиварци се шокирани од големата несреќа во која животот го загубија нивни сограѓани, меѓу нив и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар во рамките од Втората лига на Македонија.

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“ – се вели во соопштението на КК Гостивар.

Се вчитува...