„Гранде Пандев“ – Мурињо објави селфи со македонскиот крал (фото)

Горан Пандев настапи за „тимот на светот“ на вечерашниот спектакл против славната романска генерација од СП 1994, македонскиот ас дури успеа да постигне и гол со кој неговиот тим поведе со 0-2, но Романците направија пресврт и на крајот славеасо минимални 3-2 во овој празник на фудбалот во Букурешт.

Тренер на Пандев и на тимот на светот беше славниот Жозе Мурињо, со кого македонската фудбалска легенда имаше беспрекорна соработка во Интер, а новата средба со „специјалниот“ навистина беше „специјална“.

Мурињо на својот инстаграм профил објави неколку стори-фотографии, една од нив токму со Пандев, со назив „Македонски крал“.

Се вчитува...