„Хабиб го мрзи Конор, а Конор него… Одлично!“

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт јасно призна дека сака повторно да организира меч меѓу Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов. Таа борба за него е следна откако Конор го победи Доналд Чероне синоќа во Лас Вегас.

„Би било тоа најголемата борба во историјата. По заработка би била блиску до мечот Мејведер – МекГрегор. Знам дека Конор ја сака таа борба, но сакам да го видам и против Масвилд“ – истакна синоќа Вајт и продолжи околу борбата против Хабиб.

„Таа борба би можела да биде било каде, на стадион, големи сали. Мора да седнеме и да разговараме. Единствено знам дека тоа нема да биде Москва. Постојат многу причини зошто не може таму. Може да биде во Велика Британија, Њујорк, Далас… Хабиб има голем број поддржувачи и во Лас Вегас. Не знам… Важно е дека овие момци се мрзат еден со друг, многу лоша крв има меѓу нив. Тоа е одлично за борба, но мора да се погрижиме да не се случи ништо непредвидено. Хабиб го мрзи Конор, а Конор него. Ќе биде интересно“ – истакна Дана Вајт.

Се вчитува...