Хамилтон е избран за најдобар спортист на Европа

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон е избран за најдобар спортист на Европа во традиционалниот избор на новинските агенции. Ова за Хамилтон е трето вакво признание во кариерата.

Второто место во изборот му припадна на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, додека третопласиран заврши австрискиот скијач Марсел Хиршер. Минатогодишниот освојувач на наградата, Новак Ѓоковиќ овој пат заврши само на четвртата позиција. Понатаму следат атлетичарката Сифан Хасан, фудбалерот Вирџил ван Дајк и мотоциклистот Марк Маркез. Во топ 20 се наоѓаат и Лука Дончиќ кој е шеснаесетти и Кристијано Роналдо кој заврши како осумнаесетти.

Изборот е во организација на полската новинска агнеција (ПАП), а во него учествуваат сите новински агенции од Европа.

Се вчитува...