Антонио Рудигер ќе се спаси од суспензија поради своето неспортско однесување на синоќешниот дуел со Франција, кога германскиот дефанзивец во текот на мечот за момент го гризна Пол Погба.
Францускиот плејмејкер веднаш се пожали кај судијата, кој не го забележа инцидентот, а целата случка не беше санкционирана ниту од арбитрите во ВАР-собата.
УЕФА имаше можност да покрене дисциплинска постапка против Германецот, но европската куќа на фудбалот сепак донесе одлука инцидентот воопшто да не биде разгледуван, бидејќи не бил внесен во судискиот записник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА