„Харден намерно дојде дебел, имаше намера да ме отпуштат“

Поранешниот тренер на Хјустон Рокетс, Кевин Мекхејл го критикуваше однесувањето на Џејмс Харден.

Популарната „брада“ која моментално игра за Филаделфија 76, го нарече генералниот менаџер на оваа франшиза Дерил Мори лажго и рече дека нема да игра за тимот во кој е.

Мекхејл потсети на ситуацијата од сезоната 2015/2016 и рече дека Харден имал план да го отпушти. Во натпреварот 6 од полуфиналето на Западната конференција со Клиперс, Мекхејл го седна на клупа Харден во текот на целата последна четвртина.

„Следната година на тренинг дојде дебел човек и не сакаше да игра. Бев отпуштен по 11 натпревари. Имаше план и сакаше тоа да се случи“, рече Мекхејл.

Мекхејл ги водеше Рокетс пет години со рекорд од 193-130.

Се вчитува...