Џејмс Харден изјави дека се чувствува одлично во Бруклин, за што сведочеше и неговото деби шоу. Нетс го совладаа Орландо Меџик со 122-115. Харден постигна 32 поени (8-18 од мечот, 3-10 за три), со 12 скока и 14 асистенции, но и 9 загубени топки.
Новинарите едвај чекаа да разговарат со Харден, а тој немаше проблем да се соочи со нив да го даде своето размислување и анализа за натпреварот.
„Јас се чувствував одлично за време на овој натпревар, а за тоа зборува мојата насмевка и „забавата“ што ја приредив. Возбуден сум за можноста што ми се укажа. Ова е врвна организација. Што се однесува до мене, морам да бидам најдобрата верзија на Џејмс Харден и допрва ќе се случуваат добри работи “, изјави Џејмс.
Новинарите обрнаа посебно внимание на 14. асистенции на Харден, па го „пецнаа“ и порашаа дали е себичен?
„Како што реков, јас не сум себичен. Ќе направам се што е потребно за мојот тим да победи“, изјави Харден.
Инаку, Бруклин се наоѓа на петтото место на истокот со резултат 8-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА