Хондурас нема пари за патот до Сиднеј, но ќе се борат за ново светско чудо

Фудбалската федерација на Хондурас нема доволно финансиски средства да ангажира авионски лет за својата репрезентација за дуелот против Австралија во рамките од бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Русија.

Станува збор за реванш мечот кој ќе се игра во Сиднеј, закажан на 15. номеври, додека за авионските карти потребни се 900.000 долари. Генералниот секретар на федерацијата, Херардо Рамос вели дека повеќето фудбалери до Сиднеј ќе патуваат во зависност како ќе се снајдат.

„Не сите, но повеќето фудбалери ќе патуваат во бизнис класа до Сиднеј. Останатите од делегација, како и оние фудбалери кои не можат да си дозволат многу ќе патуваат во економска класа. По првиот натпревар кој ќе го играме на 10. ноември, веднаш одиме за Лос Анџелес, каде треба да ги регулираме визите, а потоа ќе очекува 15 часовен лет до Сиднеј, каде секој фудбалер ќе треба сам да ги подмири трошоците“, вели Рамос.

Без разлика на проблемите, репрезентацијата на Хондурас ќе направи се за да го победи фаворитот во овој двобој. Доколку ја елиминираат Австралија, ќе направат фудбалско светско чудо, второ оваа година, откако во квалификациите го елиминираа составот на САД.

Се вчитува...