Ибрахимовиќ: Може ќe се вратам од пензија

Легендарниот шведски голгетер Златан Ибрахимовиќ кој три децении ги тресеше мрежите во најсилните фудбалски првенства во светот по крајот на сезоната 2022/23 се пензионираше пред преполниот „Сан Сиро“.

Швеѓанецот со балканско потекло открива дека не очекувал да биде толку опуштен во пензија, но притоа и не ја исклучи можноста да се врати на теренот.

„Навистина сум опуштен и тоа искрено ме чуди бидејќи не мислев дека ќе биде така. Замислував дека ќе биде многу постресно. Што се однесува до натпревар за збогување нема да се брзам. Ќе видиме што ќе биде, поминаа само три недели. Никогаш не се знае, може ќе се вратам. Може да поминам до тренинг кампот на Милан следниот месец“, вели Ибрахимовиќ.

Се вчитува...