Играчите зачудени од одлуките на Алегри: Ди Марија до Милик – „зошто те извади?“ (ВИДЕО)

Јувентус го има еден од најлошите почетоци на нова сезона. „Старата дама“ кој се мачи и во Серија А, по два одиграни меча во Лигата на Шампионите не знае за победа, а последен кој го земе скалот беше Бенфика која по целосен пресврт славеше во Торино.

Многумина по натпреварот ги коментираа одлуките на тренерот Масимилијано Алегри, а едни од нив беа и напаѓачите Анхел Ди Марија и Аркадиуш Милик. Камерата го улови моментот кога Аргентинецот го прашува Полјакот зошто бил заменет, а тој нема одговор.

Навивачите се погласно бараат смена на Масимилијано Алегри, но стратегот на Јувентус тврди дека не чувствува никаков притисок.

 

Се вчитува...