ИН МЕМОРИАМ: Почина Драги Димитровски, едно од најголемите имиња на македонското куглање

По кратко боледување, почина едно од најславните имиња на македонското куглање Драги Димитровски.

Димитровски е поранешен македонски селектор во сениорска и во јуниорска конкуренција, еден од основоположниците на куглањето во Македонија. Од основањето на македонската кугларска лига дел од овој спорт, најпрво како играч и тренер на шампионот Макпетрол, а потоа и тренер на Работнички и Вардар каде и ја заврши својата долга професионална кариера.

Погребот на Драги Димитровски ќе биде утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Се вчитува...