Квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Албанија е прекинат поради дивеењето на гостинските навивачи. Имено, од трибината каде се наоѓаат албанските фанови во текот на натпревари беа фрлени чадни бомби и бројни петарди, а откако молбите од делегатот не вродија со плод, а инцидентите зачестија, судијата кон средината на второто полувреме го прекина натпреварот.
Инаку, Италија е во водство од раната фаза на мечот со 1-0, со голот од пенал што го постигна Даниеле де Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА