Истрча маратон на својата тераса во самоизолација

Французинот Елиша Нохомовиц успеа во време на пандемијата од коронавирусот да истрча маратон на несекојдневен начин, на терасата од својот стан.

Нохомовиц истрчал 42 километри непрекидно трчајќи на тераса од седум метри во својот стан во Тулуз.

„Ова повеќе беше ментален, отколку физички предизвик, но и комичен во оваа луда ситуација. Сето ова ми беше потребно за што помалку драматично да ја доживувам оваа ситуација“ – истакна Французинот во приказната која ја пренесе „Гардијан“.

Се вчитува...