Италијанската фудбалска репрезентација заработи 34 милиони евра за освојување на титулата на Европското првенство во фудбал. Англија заработи 30,25 милиони евра откако загуби по изведувањето на пенали во финалето на „Вембли“.
УЕФА распредели рекорден награден фонд од 371 милиони евра на шампионатот, при што секоја од 24-те учеснички екипи има загарантиран бонус од 9,25 милиони евра, како и дополнителни бонуси за победи и нерешени резултати во групната фаза и за пласман во секоја од елиминациите рунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА