Репрезентацијата на Италија ја освои титулата на Европското првенство, откако во финалето на „Вембли“ по подобро изведување на пенали ја победи Англија.
Џорџо Кјелини како капитен на „Аѕурите“ прв го крена трофејот, а потоа беше неразделен со него. Фудбалерот на Јувентус патуваше со пехарот, за потоа да заврши и во кревет со него. Секако, тука е и неговиот долгогодишен партнер од одбраната, Леонардо Бонучи.
Дефанзивците кои се тимски колеги од Јувентус и репрезентацијата на Италија во изминатата деценија се пофалија со фотографија од трофејот во кревет.
„Не грижете се, трофејот е на безбедно. Ние го браниме“, напиша Бонучи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА