Англија и Украина ќе се сретнат во четвртфиналето на Европското првенство на „Олимпико“ во Рим во сабота, а навивачите на Англија може да имаат проблеми да влезат на стадионот. Имено, Италијанците не забораваат што им се случи минатата година поради коронавирусот, па тие не сакаат да ги повторат проблемите со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Веќе е познато дека поголем број на држави учеснички на ЕП пријавија зголемен број на заразени луѓе од коронавирус, сценарио што не го посакува Рим.
„Не доаѓајте на трибини, не сакаме повторно луѓе да умираат“, гласи пораката на Италијанците, додека пандемијата на британскиот коронавирус продолжува да се влошува, а главната причина за тоа е таканаречената „делта“ зараза, која рапидно се развива и во другите европски земји.
Алесио Д’Амато, кој се занимава со здравствената криза во областа Лацио, изјави во интервју за „Ил Месаџеро“ дека не би сакал смртоносно корона-сценарио да се повтори и смета дека ниту еден англиски навивач не треба да влезе на „Олимпико“ во сабота и дека не треба воопшто да биде во Рим.
„Не може да се повтори истото сценарио, не сакам да бидеме во истата ситуација како минатата година. Нашата порака до Англичаните е едноставна. Не доаѓајте овде, не сакаме да умрете заради фудбалски натпревар. Ние тука имаме петдневно правило за карантин, ако не сте пристигнале овде пред 28 јуни, ќе бидете испратени дома“, рече Алесио.
Италијанците се сеќаваат на бројните случаи на коронавирус што се случија по пристигнувањето на навивачите на Валенсија по натпреварот од Лигата на шампионите во „Бергамо“ за време на првиот бран на коронавирусот.
ЕВРО 2020 влегува во својата последна фаза. Четвртфиналните натпревари ќе бидат одиграни денес и утре. Шпанците вечерва од 18 часот во Санкт Петербург играат против Швајцарија, а во Минхен Белгијците против Италија. Останатите два натпревари се играат во сабота. Чесите и Данците ќе се соочат во Баку, а Англичаните и Украинците во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА