Изненадувачки пресврт на случувањата носи шпанскиот „Ел Национал“ кој пишува дека еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Федерико Валверде е пред преселба во Ливерпул за сума од 90 милиони евра. Наводно „кралевите“ се согласиле на трансфер, иако пред само неколку недели го пуштија и својот најдобар напаѓач, Карим Бензема.
Уругваецот беше импресивен во дресот на Реал во последните неколку сезони, каде играше на неколку позиции како во средниот ред така и на десно крило. Но по ангажманот на Белингем, се чини за него нема место во средниот ред, а на крилната позиција засега доминира Родриго.
Па така Перез веројатно ќе се согласи на трансфер на Уругваецот на „Енфилд“, а се очекува со тие пари „кралевите“ да го купат Килијан Мбапе од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА