Јаховиќ дефинитивно го напушта Гезтепе

Адис Јаховиќ и дефинитивно ќе го напушти тимот на Гезтепе во јануарскиот преоден рок, пренесуваат турските медиуми кои тврдат дека Гезтепе и напаѓачот се договориле за спогодбен раскин на договорот.

На маса Јаховиќ веќе има понуда од Бурсаспор, кој е најконкретен во потписот за македонскиот голгетер. Има интерес уште од 3-4 тима од Турција.

Јаховиќ веќе шеста година е во Турција. Играше во Гезтепе, па во Коњаспор, Малатијаспор, Анталијаспор и сега повторно Гезтепе. Веројатно Бурса ќе биде неговата следна дестанција, а добрите игри во Турција му донесоа и „кам-бек“ во националниот тим во квалификациите за СП.

Се вчитува...