Јаја Туре ја батали пензијата и ќе оди во Кина

Поранешниот играч на Манчестер Сити и на Барселона, Јаја Туре, одлучи повторно да се активира, ја батали пензијата и ќе игра фудбал во Кина. Тој одлучи да ја прифати понудата на кинескиот клуб Џингдао Хуанџаи.

Јаја Туре последните настапи ги имаше во 2018 година во грчкиот клуб Олимпијакос, по што реши да се повлече од активно играње.

Играчот за врска има 101 настап за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска во периодот од 2004 до 2015 година.

 

Се вчитува...