Јанис ја отвори вратата за заминување од Милвоки

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо најави можно заминување од Милвоки Бакс. Адетокумбо целата своја НБА кариера, од 2013 година, ја помина во франшизата од Висконсин.

Со Бакс, тој ја освои титулата во НБА во 2021 година, прва по 50 години и ерата на Карим Абдул-Џабар.

Сепак, тој сега најави дека би можел да го напушти тимот доколку не добие поголема шанса повторно да стане шампион.

„Јас сум кошаркар на Милвоки Бакс, но што е најважно, јас сум победник. Ако немам помош можно е заминување“, рече Јанис. 

Се вчитува...