Јавноста во шок од божиќната честитка на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во фокусот на јавноста, но овој пат со многу негативни критики за честитката со која шведскиот напаѓач им  го честита Божиќ на своите пријатели.

Фудбалерот на ЛА галакси во духот на празниците се обиде да го честита Божиќ на малку пошеговит начин, но неговата порака предизвика шок во јавноста.

Многумина ја осудија фотографијата која Ибрахимовиќ ја поставин на својот профил на Инстаграм со божикната честитка. На фотографијата има фигура од џуџе кое покажува среден прст.

„Среќен Божиќ“ – кратко напиша Златан Ибрахимовиќ под спорната фотографија.

Се вчитува...