Јокиќ: Покажавме дека можеме подобро, време е за победи

Денвер нагетс со крајни маки го победи Феникс на гостински терен по продолженијата, и тоа беше игра во која колегите на Никола Јокиќ имаа големи проблеми, особено во првото полувреме.

Сепак, српскиот играч вели дека сè се сменило во второто полувреме, најмногу поради агресивноста и подобрата одбрана.

„Енергијата се смени, се подобривме во одбраната, во второто полуверме нивниот процент на прецизност не беше толку добар. Дадоа многу тројки во првото полувреме. Тие беа агресивни, а ние направивме неколку добри одбрани на крајот и погодивме тогаш кога треба и затоа чувството е одлично. Мислам дека ова е причината што го добивме натпреварот“, рече Никола Јокиќ.

Денвер нема добар почеток на сезоната и има само осум победи од 15 натпревари. Сепак, триумфот над Санс е показател дека претстојат подобри денови за тимот од Колорадо.

„Ние покажуваме знаци дека можеме да бидеме одлични за една половина, во друга сме нешто сосема друго. Сè уште се обидуваме да разбереме што ни се случува. Мајкл Портер се врати и нашата ротација е подолга, еден играч не може да промени толку многу, но тој може. Блиску сме до подобра игра која треба да ја покажеме во континуитет, но мора да играме подобро, особено во второто полувреме “, додаде Јокиќ.

Се вчитува...