Кошаркарите на Денвер ја победија Индијана со 114-102 во натпреварот од НБА лигата одигран во Мексико Сити.
Во втората победа по ред на Нагетсите, Никола Јокиќ одигра 36 минути. Во тој период, српскиот центар постигна 19 поени, но со скромен процент од играта (7/20). Тој додаде 13 скока и осум асистенции на својот настап.
Втор најефикасен беше Кам Џонсон со 18, Џамал Мареј имаше 16 и Спенсер Џонс 13 во својот прв натпревар од сезоната.
На спротивната страна, Паскал Сиакам постигна 23 поени.
Денвер се мачеше да најде ритам од самиот почеток, што Индијана го искористи. Сепак, Нагетсите постепено ја презедоа контролата, а Никола Јокиќ одигра важна улога во тоа, откако веќе достигна десет поени, шест скока и четири асистенции до полувремето.
Играта на Денвер во текот на втората четвртина беше особено импресивна. Дури и без српскиот центар на паркетот, Нагетсите успеаја да ја зголемат својата предност.
Денвер отиде на голема пауза со огромни 64-41. Индијана постигна само 41 поен во првото полувреме, а офанзивните проблеми на Пејсерс беа особено видливи на крајот од второто полувреме.
🃏 at work https://t.co/HHPkNc8InY
— Denver Nuggets (@nuggets) November 7, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
