Македонскиот одбојкарски стратег Јошко Миленковски го напушта кормилото на Мили Пјанго и од следната сезона ќе биде нов тренер на тимот Зират Банка Анкара. Се работи за клуб со поголеми амбиции, кој најавува атака дури и на шампионската титула во турското првенство. Миленковски е и актуелен селектор на турската одбојкарска репрезентација.
Зират Банка Анкара во изминатиот шампионат заврши на четвртата позиција, откако во плејофот најпрво загуби од Халкбанк со 2-1 во победи, а потоа во дуелите за третото место со идентични 2-1 загуби и од тимот на Фенербахче.
Мили Пјанго, досегашниот тим на Миленковски, беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот со 2-0 во победи, од Аркаспор. Останува да се види дали во пакет со македонскиот стратег во новиот тим Зират Банка Анкара ќе се пресели и Ѓорѓи Ѓорѓиев, македонскиот репрезентативец, кој беше еден од адутите на Миленковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА