Јусуф Нуркиќ следната сезона нема да го носи дресот на Портланд во НБА лигата.
Портланд веќе активно бара тим со кој може да го размени како би се ослободил од босанскиот кошаркар. Мајами се споменува како опција каде би можеч да замине Јусуф Нуркиќ, и тоа во пакет со Демијан Лилард.
Кошаркарот од БИХ би можел во пакет со Лилард да замине на Флорида, а во спротивен правец би заминале Кајл Лаури, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот од 2028 и 2030 година.
Нуркиќ во моментов е под четиригодишен договор вреден 70 милиони долари. Му преостануваат да се исплатат уште 52,5 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА