Каде одмораат фудбалските „ѕвезди“: Мбапе на НБА, Гвардиола и Бејл играат голф…

Напорните сезони завршија, па фудбалските асови во година во која нема светски или европски шампионат конечно ги добија оние триесетина дена заслужен одмор пред да почнат со подготовки за новите предизвици.

И вообичаено за одмор се бираат интересни дестинации, па Мбапе веднаш по испишувањето на историја (најмлад играч што стигнал до 100 гола во кариерата) полета од другата страна на Атлантикот за да го гледа финалето од НБА-лигата меѓу Голден Стејт и Торонто. Пеп Гвардиола и Герет Бејл се релаксираат на идентичен начин, играјќи голф, трофејниот стратег тоа го прави во Коста Брава, додека Бејл се одмора во родниот Велс.

Иван Ракитиќ со семејството отпатува во Египет, а таму е и Мохамед Салах, кој со фотографија се пофали и за своите рибарски квалитети.

Младиот Жоао Феликс со најблиските пријатели замина на годишен одмор на Ибица, а Матијс де Лихт додека европските гиганти се „тепаат“ за негов потпис се пофали со заедничка фотографија со девојката. Карим Бензема е во Лос Анџелес, додека Алваро Мората објави фотографија со сопругата во Мајами.

Се вчитува...