Како и што се очекуваше: Без Несторовски и Елмас во почетниот состав против Гибралтар

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Како и што се очекуваше, македонската репрезентација ќе биде без Илија Несторовски и членот на Фенербахче, Елиф Елмас во почетниот состав на дуелот против Гибралтар на стартот од натпреварите во Лигата на нациите.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи во самиот напад да биде со Тричковски, Пандев и Трајковски поддржани во средниот ред од Алиоски, Спировски и Барди и Николов во позадина.

Во одбраната ќе бидат Кире Ристевски, Висар Муслиу и Стефан Ристовски пред голманот Димитриевски.

Се вчитува...