Легендарниот шпански фудбалер Икер Касилјас ќе биде дел од менаџерскиот тим на Порто, додека се опоравува од проблемите со срцето. Неговата улога ќе е тој да биде „врската“ меѓу фудбалерите, тренерот и раководството на португалскиот тим. Од Порто има отворена врата за да ја продолжи фудбалската кариерата доколку тоа му го дозволи здравјето, а по завршувањето на кариерата да продолжи со работата во клубот.
„Ќе работам нешто поинаку. Мојата цел ќе биде да направам добра врска меѓу фудбалерите, тренерот и раководството. Тренерот ми кажа дека сака да останам во близина на фудбалерите, особено помладите како би можел да им го пренесам моето искуство. Ќе се обидам да дадам се од себе“, вели Касилјас.
Касилјас во Порто пристигна во 2015 година, а за клубот од „Драгао“ досега забележа 156 натпревари, а на 74 успеа да ја сочува мрежата. Тој му помогна на клубот во сезоната 2017/2018 да ја освои титулата во домашното првенство, а беше освојувач и на Суперкупот на Португалија во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА