Пари Сен Жермен вчера со 5-0 ја победи Бастија, а Единсон Кавани беше стрелец на два гола за својот тим. Не успеа да реализира и пенал, но стигна до бројката од 47 постигнати погодоци оваа сезона во сите конкуренции. Му недостигаат уште три за да го достигне клупскиот рекорд на неговиот поранешен соиграч, Златан Ибрахимовиќ.
„Рекордот на Ибрахимовиќ? Тоа е ми е приоритет. Сакам само тимот да победува, а моја работа секако е да постигнувам голови. Тоа беше значаен триумф за нас, за зацврстување на втората позиција, а се надеваме дека и Монако ќе ’киксне’ во своите наредни мечеви“, изјави Кавани.
Сепак, речиси е јасно дека Монако со синоќешниот триумф над Нанси на гости со 0-2, е многу блиску да го одземе шампионскиот пехар од витрините на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА