Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани кариерата ќе ја продолжи во аргентинскиот фудбалски великан Бока Јуниорс со кого потпиша договор до крајот на 2024 година.
36-годишниот Кавани, кој минатата сезона ја мина во шпанска Валенсија, во Бока пристигна како слободен играч.
Популарниот „Ел Матадор“ за репрезентацијата на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 гола, а во текот на кариерата го носеше дресот на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА