Кејн: Се освен полуфинале ќе биде разочарување

Репрезентацијата на Англија по победата над Хрватска со 1-0 во првиот натпревар денеска ќе се обиде да го осигура своето место во следната фаза од Европското првенство на натпреварот против Шкотска од 21 часот.

Пред натпреварот говореше капитенот на англиската репрзентација Хари Кејн кој вели дека нема да биде лесно против Шкотите, но дека се освен полуфинале за Англија ќе се смета за неуспех.

„Ќе биде тоа тешок натпревар и веќе многу се збори за него. Но, тоа е и вториот натпревар кој го играме во натпреварувањето, мораме да бидеме фокусирани и да направиме се за да победиме. Ќе биде добро доколку порано обезбедиме место во следната фаза. Ако не стигнеме до полуфиналето ќе бидеме разочарани. Последните три, четири години се оди како што треба па следната цел е да се најдеме во финалето и се надевам, да освоиме трофеј“, вели Кејн.

Се вчитува...