Кевин Принс Боатенг стави крај на кариерата

По речиси 20 години настап на професионалната сцена Кевин Принс Боатенг стави крај на кариерата на 36-годишна возраст. Поранешниот репрезентативец на Гана забележа настапи во четири од најголемите првенства на светот, а и два пати беше дел од Светските првенства.

Одлуката за заминување во пензија ја соопшти на социјалните мрежи каде кратко напиша „Те сакам, но ова е крајот за мене. Фудбалу, фала ти на се“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince (@prince27)

Боатенг професиналната кариера ја започна во Херта, а низ годините настапуваше и за Тотенхен, Борусија Дортмунд, Џенова, Милан, Шалке 04, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло, Барселона, Фиорентина, Бешикташ, Монца и одново Херта.

Најголемиот успех го доживеа во дресот на „росонерите“ каде се радуваше на титулите во Серија А и Суперкупот на Италија, а се закити и со Купот на Германија во сезоната 2017/18 и Ла Лига во 2018/19.

Се вчитува...