КЛ: Вест Хем без проблеми до пласман во осминафинале, Пјуник и Спировски „кикснаа“ во Литванија

Вест Хем Јунајтед со победата во Лондон против Андерлехт го осигура првото место во групата „Б“ и се пласираше во осминафиналето од разигрувањето за титула. Бенрама и Воуен ги предводеа „чекикарите“ со два гола во првото полувреме, а поразот го ублажи Еспосито од пенал во 88. минута.

Пјуник на нашиот Стефан Спировски испушти шанса да ја задржи првата позиција на табелата во групата „Х“ откако неочекувано загуби на гостувањето кај Жалгирис со 2-1. Македонецот доби шанса во 85. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да освои бодови во Литванија.


Standings provided by Sofascore

Останати натпревари:

Балкани – Сиваспор 1-2
ФЦСБ – Силкеборг 0-5
Бер Шива – Лех 1-1
Ница – Словачко 1-2
Шамрок – Молде 0-2
Вадуз – Днипро 1-2

Се вчитува...