Клеј Томпсон го избра Јокиќ во својот идеален тројкашки „дрим-тим“

Пол Џорџ и Клеј Томпсон ги одбраа идеалните петорки на најдобрите шутери во НБА лигата.

Томпсон во својата петорка, покрај себе, го избра и српскиот кошаркар Никола Јокиќ, а во стартните пет ги смести и Стеф Кари, Џорџ и поранешниот соиграч Кевин Дурант.

Пол Џорџ, пак, во неговиот најдобар тим ги одбра Демијан Лилард, Бредли Бил, Киган Мареј, Мајкл Портер Џуниор и Мајлс Тарнер.

Инаку, Јокиќ минатата сезона просечно погодуваше 46,1% од шутевите за три поени, според што беше убедлво најдобар тројкаш меѓу центрите кои имаа повеќе од еден шут за три поени по натпревар.

Се вчитува...