Коби Брајант и Џејсон Деруло ѕвезди на ждрепката за Светското првенство во Кина

НБА легендата Коби Брајант и музичарот Џејсон Деруло ќе бидат ѕвездите на шоуто кое го организира домаќинот на ждрепката за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржува годинава. Кина ќе прави спектакл од извлекувањето на групите закажано за 16 март во Шенжен.

Брајант кого ФИБА го именуваше за амбасадор на Првенството ќе го изведува извлекувањето додека Деруло кој има продадено на 50 милиони синглови ќе изведе дел од неговите најголеми хитови.

Ѕвезда-гостин на ждрепката ќе биде и Јао Минг. Првпат извлекувањето ќе биде отворено за јавност.

18 репрезентации учеснички се веќе познати, а последниот квалификациски прозорец кој ќе се одржи од 21 до 26 февруари ќе ги одреди селекциите кои ќе ги пополнат 14-те празни места за кои се борат 26 национални тимови.

Се вчитува...