Холандскиот велосипедист Том Думолин имаше неверојатни проблеми на 16.етапа на Џиро Д’Италија. Кога мислеше дека ги совлада ривалите, најголем ривал му стана сопствениот организам. Одеднаш, мораше да го остави велосипедот и изврши голема нужда крај патот.
„Одеднаш почувствував дека морам да одам во тоалет. Не можев да издржам, морав тоа да го сторам веднаш“, изјави Думолин.
По ова, го загуби првото место на етапата и заврши како второпласиран, но се уште е водечки во генералниот пласман…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА