Како што објавија од Францускиот фудбалски сојуз (ФФФ), на Кингсли Коман му било дадено дозвола да ја напушти репрезентацијата.
Фудбалерите на Франција во моментов се наоѓаат на тренинг центарот во Клерфoнтан во Париз, каде се подготвуваат за следните натпревари на Европското првенство. На првиот натпревар од турнирот, Французите ја совладаа Германија со 1-0 во Минхен по автоголот на Матс Хумелс. Тимот на Дидие Дешамп утре ќе се соочи со Унгарија во Будимпешта.
Овој натпревар ќе го пропушти Коман, францускиот крилен фудбалер кој доби дозвола од Дешамп и ФФФ да присуствува на пораѓањето на неговата сопруга. Оваа одлука е донесена во договор со УЕФА затоа што играчите се обврзани на строг санитарен протокол.
“По консултација со УЕФА и нејзиниот оддел КОВИД, Дидие Дешамп и Федерацијата го овластија Кингсли Коман да се придружи на неговата сопруга и да бидел дел од најрадосниот момент, раѓањето на неговото дете. Преземени се сите мерки на претпазливост, особено во однос на здравјето”, соопшти ФФФ.
Коман пристигна на ЕВРО како шампион на Германија со Баерн, а минатата сезона одигра вкупно 39 натпревари, постигна осум гола и забележа 15 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА