Комплетно обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб Снегар (ФОТО)

Комплетно е обновен објектот на едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга, кој во јули годинава изгоре во пожар кој предизвика огромни материјални штети на клубот.

На отворањето на новиот објект, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, се обрати пред присутните истакнувајќи дека овој објект е од огромно значење за стружани и за развојот на овој спорт.

„Објектот повторно е ставен во функција и претставува модерено и современо решение што ќе го врати едриличарството на вистинските патеки. Реагиравме веднаш и дадовме ветување дека за краток период ќе пристапиме  кон изградба на нов современ објект за едриличарскиот спорт и спортистите во Струга. Ова место очекувам да биде расадник на нови таленти, кои во иднина ќе бидат репрезенти и ќе ја претставуваат државата на големите натпреварувања“ – изјави Каевски.

Агенцијата за млади и спорт издвои еден милион и двесте илјади денари за возобновување на најстариот едриличарски клуб и финансиски, технички и организациски го помогна реконструирањето на клубот во најкраток рок.

Се вчитува...