Конате промовиран во Реал Мадрид – Познато кој број ќе го носи на дресот (ВИДЕО)

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид денеска и официјално го претстави своето најново засилување, францускиот дефанзивец Ибрахима Конате. Дваесет и седумгодишниот стопер стави потпис на четиригодишен договор кој ќе го задржи во „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2030 година.

Конате беше пречекан од претседателот на клубот, Флорентино Перез, во официјалните простории на „Сантијаго Бернабеу“. По успешното комплетирање на сите формалности и потпишувањето на соработката, беше откриено дека францускиот репрезентативец во новата средина ќе го носи дресот со број 16.

Се вчитува...